Тутунот да се откупува и во август

Bez autora
Jul 10 2011

Додека трае бербата на тутунот во Прилепско, првпат по триесетина години двете откупни фирми „Сокотаб“ од Битола и „Струмица табак“ од Струмица им понудија на добрите кооперанти да преземат одредени количества до 15 септември. Стручњаците се поделени околу идејата за откуп на тутун во август и во септември зашто не се покажал успешен експериментот на Тутунскиот комбинат од Прилеп во 1982 година. Не верувам дека прилепските тутунари ќе прифатат да продаваат тутун кон крајот на август и почетокот на септември. Нема интерес на понудата на двете откупни фирми за преземање 600 тони род од првите берби. Откупувачите практично бараат гаранција дека тутунарите ќе го предадат останатиот дел од реколтата според договорот и не ќе има можност за мешање на класите. „Сокотаб“ и „Струмица табак“ бараат по околу 300 тони во август и во септември. Според Милески, првите јулски и августовски берби немаат висока цена и не треба да се мешаат со останатиот тутун при обработката и продажбата.

Тутунот да се откупува и во августДодека трае бербата на тутунот во Прилепско, првпат по триесетина години двете откупни фирми „Сокотаб“ од Битола и „Струмица табак“ од Струмица им понудија на добрите кооперанти да преземат одредени количества до 15 септември.

Стручњаците се поделени околу идејата за откуп на тутун во август и во септември зашто не се покажал успешен експериментот на Тутунскиот комбинат од Прилеп во 1982 година.

- Не верувам дека прилепските тутунари ќе прифатат да продаваат тутун кон крајот на август и почетокот на септември. Нема интерес на понудата на двете откупни фирми за преземање 600 тони род од првите берби. Откупувачите практично бараат гаранција дека тутунарите ќе го предадат останатиот дел од реколтата според договорот и не ќе има можност за мешање на класите - вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија од Прилеп.

„Сокотаб“ и „Струмица табак“ бараат по околу 300 тони во август и во септември. Според Милески, првите јулски и августовски берби немаат висока цена и не треба да се мешаат со останатиот тутун при обработката и продажбата.

- Откупувачите бараат првите берби да се складираат во кутии. Цените и мерилата се исти како за редовниот откуп в година. Тутунарите не покажуваат интерес иако се исцедени и им е потребна секоја „банка“. Оправдано стравуваат дека во меѓувреме може да пораснат цените и да загубат. Затоа, на откупувачите им предлагаме анекси на договорите. Ако скокнат цените во редовниот откуп в година, да им се надомести разлика. Откупните претпријатија не дадоа одговор на предлогот - вели Милески.

Првиот човек на тутунарите во Прилеп појаснува дека станува збор за пилот-проект кој имал ефекти во други земји.

- Стручњаците од Институтот за тутун побараа технолошка студија од откупувачите. Експертите сакаат да се изјаснат за документот оти има проблем со навлажнувањето на тутунот во летните месеци - вели Милески.

Инаку, годинава се намалени површините под тутун за околу 30 отсто, поради ланските ниски цени и проблематичниот откуп. И градот уништи дел од производството.

Тутунските здруженија очекуваат бербата годинава да тежи околу 12 илјади тони во Прилепско.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik